Синоќа, Раководителот на Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион, Зоран Горгиев потпиша меморандуми за соработка со Српскиот центар за модернизација на земјоделието Агронет, Институтот за информации и маркетинг во земјоделието III – Albamis, од Тирана Албанија, и Сојзот на стопански комори на Македонија.
Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион претставуван од Раководителот Зоран Горгиев и Српскиот центар за модернизација на земјоделието Агронет претставуван од Потпретседателот Драган Мирковиќ, потпишаа меморандум за соработка со цел:
• Координирана размена на податоци за цените на земјоделските производи;
• Информации за можностите за реализација на заеднички проекти;
• Соработка во подготовка на проекти;
• Заеднички настап пред донатори;
Ваков меморандум беше потпишан и со Еrald Lamja претставник на Институтот за информации и маркетинг во земјоделието III – Albamis, од Тирана Албанија.
Исто така вчера Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион и Сојузот на стопански комори на Македонија ја официјализираа соработката потпишувајки официјален меморандум. ССК беше претставувана од извршниот директор Никола Ефтимов.