Општина Струмица, Македонската Православна Црква – Струмичка Епархија и НВО Избор, денес потпишаа меморандум за соработка и отварање на Психосоцијален клуб.
Во рамките на Проектот Организирање на Психосоцијален клуб за апстиненти од ПАС и стабилни корисници на метадонска програма во Дневниот центар за прифат третман и продолжено лекување на завизсници од дрога и други психоактивни супстанци, Св.Елисавета – Струмица, на 23.04.2007 година , Општина Струмица, МПЦ Струмичка Епархија и Здружението за превенција, советување, лекување и заштита на човековите права на корисниците на дрога и други маргинализирани и вулнерабилни групи – Избор, потпишаа Договор за соработка, во кој се обврзаа до крајот на месец мај 2007 година целосно го стават во функција Психосоцијалниот клуб за апстиненти од ПАС и стабилни корисници на метадонска програма.
Клубот е наменет за лица кои апстинираат од употреба на психоактивни супстанци и лица кои се стабилни корисници на метадонска терапија, без полови, возрасни и верски ограничувања.
Целта на проектот е реинтеграција, ресоцијализација и дестигматизација на лицата корисници на програмот преку јакнење на психолошките снаги со истовремена реактивација на на индивидуалните способности и воедно подобрување на семејните релации,активирање на професионалното функционирање и подобрување на социјалниот статус.