Струмица доби средства за реализација на Проектот надминување на Архитектонските бариери

Општина Струмица е една од трите општини на кои Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во рамките на  проектот Отворен општински буџет и додели финансиска поддршка во вредност од 615.000,оо денари за реализација на Проектот надминување на Архитектонските бариери во Општина Струмица.

На јавниот повик за изразување интерес за учество во рамките на Проектот „ Отворен општински буџет“ Управниот одбор на  Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Општина Струмица ја селектира за една од шесте општини од вкупно 29 пријавени, со што отпочнаа активности во рамките на проектот.

Вториот сегмент од проектот беше финасиска поддршка во вредност од 615.000,оо денари за  три најуспешни општински проекти од шесте селектирани општини.

Општина Струмица со свој Проект „ Надминување на архитектонските бариери во Општина Струмица“, за чија реализација предвиде  средства од буџетот на Општина Струмица во висина од 1.000.000,оо денари, аплицираше до ФИООМ и како таков е селектиран во тррите најдобри кои ги задоволуваат бараните критериуми , по што ја доби финасиската подршка за опрема и капитал (елементи во контрасни бои со тактилни индикатори).

Реализацијата  на проектот е отпочната и со него се предвидува решавање на веќе идентификуваните критични точки каде ќе биде изведена единечна рампа тип 1Л=3, според официјалните стандарди, со што ќе се овозможи  слободен и олеснет пристап на телесно инвалидизираните лица до објектите и институциите во Општина Струмица.