Во периодот од 1. до 31. мај траеше уписот на деца во прво одделение за учебната 2016/2017 година. Според информацијата од Одделението за образование при Општина Струмица, во деветте општински основни училишта, во законски утврдениот рок, биле запишани вкупно 481 дете, од кои 236 машки и 245 женски. Најголемиот дел од нив (468) се родени во 2010 година. Родителите кои од објективни причини не успеале да ги запишат своите деца во предвидениот рок, тоа ќе можат да го сторат и во наредниот период, до почетокот на учебната година.