Синоќа во Домот на АРМ, Центарот на заедницата на општина Струмица, во рамките на својата програма за работа за 2016 година, реализираше Отворен ден со членови на Комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на децата при Советот на општина Струмица.
На овој настан учество зедоа членовите на Комисијата д-р Катерина Кузмановска, д-р Тинка Стојанова и д-р Методи Витанов, како и претседатели на месни и урбани заедници на општина Струмица., претставници на граѓански здруженија, граѓански активисти и други граѓани.На Отворениот ден беше поведена плодна дискусија по повеќе прашања, претежно од областа на здравствената заштита. Изостанаа дискусиите за социјалната заштита и заштитата на децата, поради отсуство на претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравство и меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Поради тоа, се наметна потребата од организирање нова средба со присуство на сите релевантни институции, кои се надлежни за трите сегменти, кои се предмет на интерес на Отворениот ден.