По повод 5. јуни Светскиот ден на животната средина, денес во Малиот градски парк се одржа креативна работилница на тема „Климатски промени“. На истата учествуваа ученици од основните и средните училишта кои цртаа и пишуваа еко-пораки за климатските промени.
На овој начин беше означен почетокот на проектот „Локална кампања против климатските промени“ финансиран од Општина Струмица и EVN.net мрежата. Целта на работилницата и на самата кампања е подигање на свеста за влијанието на климатските промени, како и улогата на младите во разрешување на последиците од климатските промени.Организатори на работилницата беа Еколошкото друштво „Планетум“ и 4х4х4 Балкански мостови.