Во средното општинско училиште „Јане Сандански“, денеска, беше отворена сала за видео – конференција, а во рамките на проектот Е-учење во далечина. На ова модернизирање на наставниот процес присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и претставници на Општината.
Собната видео – конференција претставува еден од современите начини за учење на далечина преку современа информациско – комуникациска технологија. Со нејзината примена, СОУ „Јане Сандански“ ќе може да остварува идни соработки и предавања со други училишта и обуки со институции во земјава и странство. Првата видео – конференциска врска денеска беше воспоставена со средното училиште „Моша Пијаде“ од Тетово. Е – учење во далечина се во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој се реализира во партнерска соработка меѓу општина Струмица и Фондацијата отворено општество – Македонија.