Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, доби благодарница од Здружението на комунални инспектори на Република Македонија за успешната долгогодишна соработка и поддржување во развојот и работењето на Здружението. Благодарницата на претставник од Општината,
беше врачена на денешниот состанок на Здружението кој што се одржа во домот на АРМ во Струмица, а на кој присуствуваа комунални инспектори од сите градови во државата. Претходно беше потпишан Меморандум за соработка меѓу градоначалникот Заев и претседателот на Здружението, Гоце Георгиев. На состанокот, комуналните инспектори расправаа по новиот закон за зеленило кој на сила ќе стапи од септември годинава, а на дневен ред беа и подготвителните активности за годишното собрание на Здружението.