ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и Васил Пишев никако не можат да преболат дека Општина Струмица на чело со Зоран Заев е најуспешната и најнаградуваната Општина во Македонија. Пратеникот Васил Пишев измислувајќи некаков скандал во Општина Струмица, всушност самиот се скандализира со ноторното непознавање на Законот за јавни набавки.
Пишев знае, но се прави дека не знае дека сите договори за јавни набавки во Општина Струмица се реализираат по пат на електронско јавно наддавање, според важечката законска регулатива. Значи нема никаква злоупотреба и незаконско работење, како што Пишев ја манипулира македонската јавност.Колку за илустрација, кој колку, чии и какви пари троши, нека послужи податокот дека Струмица е единствената незадолжена Општина во државата, вклучително и за превоз на ученици, за разлика од сите други Општини под водство на сопартијците на Васил Пишев, кои по таа и сите други основи, должат милионски суми.Уште еднаш истакнуваме дека за изнесените невистини и обидот на Васил Пишев да ги дискредитира Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, Општината ќе побара разрешница по судски пат.