Да беше поинаку политички инсталираниот судски систем во државава, досега сто пати ќе поведеше постапка против Општината и градоначалникот Заев.Запрепастувачки е фактот што Васил Пишев нема елементарни познавања од Законот за јавни набавки и неговата примена, а уште позапрепастувачки е што тој истиот Васил Пишев беше претендент за градоначалничката функција во општина Струмица.
Повеќе од јасна е целта на Пишев и на ВМРО ДПМНЕ, а тоа е, со измислици и невистини за Зоран Заев да го дефокусираат вниманието на јавноста од апсолутната вистина за катастрофалниот амбиент во Република Македонија, креиран од криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ.Увид во сите јавни набавки преку Бирото што ја третира оваа дејност може да изврши секој граѓанин на Македонија, и на секој граѓанин на Македонија ќе му стане јасно дека Васил Пишев е скаран со вистината.Откако вчера доби реакција од Општината и демант од „Тритерол“ дека не аплицирал за превоз на деца со посебни потребни, му порачуваме на Пишев да научи да чита документи согласно Законот за јавни набавки.Тој треба да знае дека постојат посебни договори за превоз на ученици од основното, посебни договори за превоз на ученици од средното образование, посебни договори за превоз на деца со посебни потреби и превоз на вработени за кој нема склучено договор затоа што немаше понуда за истата.Поради сево ова, Општина Струмица ќе поднесе тужба за Васил Пишев за сите изнесени лаги. Истовремено, го повикуваме СЈО да одговори на барањето на пратеникот Васил Пишев.