Нов агол“ е името на летната работилница што во организација на Здружението „Рефлексија“ ќе се одржи на 14. и 15. јули во Центарот на заедницата на Општина Струмица (Дом на АРМ). Станува збор за работилница за вовед во скицирање, 3Д моделирање и логично размислување за ученици од средните училишта кои во учебната 2016/2017 година ќе ја посетуваат наставата во трета и четврта година.
Проектите кои ќе бидат изработени во рамките на работилницата , во септември ќе бидат изложени пред јавноста, а сите учесници ќе се здобијат со сертификати за учество.(Здружението „Рефлексија“ упати повик за учество на работилницата чиј текст во целост е објавен на веб и фан страната на Општина Струмица.)Инаку овој проект на „Рефлексија“ е дел од проектните активности на здруженијата на граѓани кои се поддржани од Општина Струмица. Имено, во 2016 година во рамките на програмата Г-1, Општина Струмица поддржува 21 проект од исто толку Здруженија на граѓани, за кои од Буџетот на Општината се издвоени 2.596.420 ден., како и пет годишни програми за социјална заштита од здруженија на граѓани кои се помогнати со 598.854 денари.