На 24,25 и 26 јуни (петок,сабота и недела) во дворот на Друштвото „Партизан“ ќе се одржи турнир во одбојка на песок, во организација на Одбојкарскиот клуб „Ветерани“ Струмица.Според зборовите на Љупчо Танушев кој е дел од организацијата на турнирот, во моментот се прават последните подготовки околу адаптацијата на теренот и поставувањето на неопходната опрема за одигрување на натпреварите.