Вчера заврши испитувањето на новоизградената делница од гасоводната мрежа, во должина од 820 метри која ја опфаќа улицата Иљо Шопов и дел од улиците Коста Бозов и Јанко Цветинов.Според зборовите на директорот на „Струмица-гас“ ,Зоран Китанов, испитувањето било направено согласно европските регулативи, од страна на Центарот за истражување, развој и континуирано образование (ЦИРКО) при Машинскиот факултет од Скопје, заедно со претставници на Државниот инспекторат.
Резултатите од испитувањето го потврдиле квалитетот на изградбата и материјалите користени притоа. Со тоа се создадени услови за нови приклучоци на споменатите улици и можност поголем број семејства да ја имаат привилегијата од користењето на природниот гас, како најефикасен и најефтин реагенс.Од „Струмица-гас“ најавуваат продолжување на изградбата на гасоводната мрежа во деловите од градот кои се проектирани за таа намена, со цел поголем број домаќинства и правни субјекти да имаа пристап до природниот гас.Со изградбата на новата делница, гасоводната мрежа достигна должина од 25 километри.