Во трите средни општински училишта во Струмица заврши првото пријавување и запишување на учениците во прва годна за новата 2016/2017 учебна година во јунскиот уписен рок. Според официјалните податоци добиени од училиштата, во првото пријавување запишани се вкупно 381 ученик, а останати се 867 слободни места.
Како една од причините за помалиот број на запишани ученици во прва година се должи на запишаните ученици во генерацијата која оваа учебна година заврши деветто одделение, а тоа е генерацијата која се запиша со измените во законот за основно образование во 2007 година, поради преминот од осумгодишно во деветгодишно основно образование.Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ се запишани 126 ученици, а слободни места има уште 248 и тоа 153 за гимназиско образование, 64 за економски техничар и 31 за банкарски техничар.Во СОУУД „Димитар Влахов“ од потребните 374 по објавениот конкурс, се запишале вкупно 125 ученици, а останати се 249 слободни места во сите струки освен за образовниот профил медицинска сестра во здравствената струка која што е пополнета.Во СОУ „Никола Карев“ според конкурсот имаше 500 слободни места од кои пополнети се 130, а слободни остануваат уште 370 .Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот рок ќе се врши на 4 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули.