Започна реализацијата на проектот “Надминување на архитектонските бариери во Општина Струмица” со кој ќе се овозможи слободен и олеснет пристап на телесно инвалидизираните лица до објектите и институциите во Струмица.
Проектот предвидува решавање на веќе идентификуваните критични точки каде ќе биде изведена единечна рампа тип 1Л=3, според официјалните стандарди и преадаптација на сите тротоари во близина на јавните институци.
Реализацијата на проектот е кофинансирана од Општина Струмица и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, која на отворениот повик ја избра проектната активност на Општина Струмица и ја подржа финансиски со износ од 615.000 денари.