Денес во посета на Општина Струмица престојуваше Претседателот на СДСМ г-ѓа Радмила Шеќеринска која посети дел од инфраструктурните проекти кои ги реализира Општина Струмица. Градоначалникот Зоран Заев ја информираше за интензитетот со кој ќе се завршуваат започнатите инфраструктурни проекти.
Градоначалникот Заев и Пратеникот во Собранието на РМ и Претседателот на СДСМ г-ѓа Шекеринска ги посетија: Реконструкцијата на Градскиот пазар, Катната гаража, Реконструкцијата на тротоарите на Бул. Маршал Тито и уредувањето на Бул. Маршал Тито со цвеќарници и фонтани, Инфраструктурните активности во с. Куклиш (проширување на мост, канализација, асфалтирање на улица),
Инфраструктурните активности во с. Вељуса (асфалтирање на улица), Детскиот град во Градскиот парк во Струмица.
Претседателот на СДСМ г-ѓа Шекеринска рече дека е позитвно изненадена од интензитетот со кој се завршуваат инфраструктурните проекти во Општина Струмица, дека Општина Струмица е најдобар пример за одговорно работење и дека временската дистанца од една година од нејзината последна посета на Струмица покажува дека за една година Струмица има нов урбанистички лик.
Градоначалникот Заев ја информираше г-ѓа Шекеринска дека од 05.07.2007 година Струмица е првата македонска општина и четврта на Балканот која поседува стандард за квалитет ΙSO 9001-2000.