Од денес техничката опременост на ЈП Комуналец – Струмица е зголемена со ново современо возило за чистење на улици од германската марката SCHMIDT, која е светски бренд во производството на комунална техника. Градоначалникот Зоран Заев го предаде возилото на користење во ЈП Комуналец.