Во рамките на активностите што Министерството за труд и социјална политика ги спроведува заради организирање на народни кујни, денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев потпиша договор со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и ЈОУДГ Детска радост – Струмица за подготвување и дистрибуција на храна за стари и возрасни лица изложени на социјален ризик.

Во рамките на проектот организирање на Народна кујна за стари и возрасни лица, како и лица изложени на социјален ризик, Општина Струмица е селектирана како една од повеќето општини низ државата каде ќе се организира Народка кујна.
Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Струмица изготви список на такви лица кои во текот на месец август ќе добијат Решенија за користење на бесплатен топол оброк кој ќе биде подготвуван во ЈОУДГ Детска радост Струмица, а истиот ќе биде дистрибуиран и делен во Дневниот центар и клуб за стари лица на Општина Струмица.
Народната кујна предвидено е да отпочне со работа на 01.09. 2007 година.