Почитувани граѓани, Ве покануваме да присуствувате на свеченостите организирани по повод одбележувањето на 2 август – Денот на Републиката (104 години од Илинденското востание и 63 години од Првото заседание на АСНОМ) што ќе се реализираат на ден 02.08.2007 година (четврток) во Струмица и Попчево.
ПРОГРАМА
02.08.2007 година (четврток)
– 08,30 часот – Свечености пред Споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад во Струмица:
• Реч за историографијата на ДВАТА ИЛИНДЕНА;
• Полагање свежо цвеќе;
• Револуционерна поезија во кажување од рецитатори во Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “ Благој Мучето” Струмица;
• Полагање свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк;
– 10,00 часот – Полагање свежо цвеќе пред Спомен-бистата на илинденскиот војвода Ристоман Кочев Попчевски во с. Попчево.