Во рамките на одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември и Денот на ослободувањето на градот – 11 Септември, вчера во Струмица се одржи манифестацијата „Денови на италијанската култура“, што го организираше Италијанскиот културен центар „Џакомо Леопарди“.
Манифестацијата ја отворија Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Вицеамбасадорот на Република Италија во Македонија Н.Е. Роберто Рицо . На археолошкиот локалитет „Римски терми“ во Банско се одржи презентација на најсочуваната и уникатна бања на Балканот од периодот на Римската империја, стара 16 векови, а во ентериерот на „Римските терми“ беше отворена изложба на дела од италијански сликари – досегашни учесници во Меѓународната струмичка ликовна колонија.
Манифестацијата „Денови на италијанската ултура“ беше заокружена со свеченото прогласување на италијанскиот амбасадор за почесен претседател, а вицеамбасадорот на Италија и Градоначалникот на Струмица за почесни членови на Италијанскиот културен центар „Џакомо Леопарди“.