Во населеното место Костурино денеска заврши поставувањето на јавно осветлување на потегот кај капелата и гробиштата. Со вкупно 10 светлосни арматури и околу 500 метри кабел се реши проблем на жителите од ова населеното место кои пред извесно време доставија барање до Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ за решавање на истиот.Минатиот месец и центарот на селото беше осветлен со вкупно 25 нови канделабри кои беа поставени во рамките на проектот за уредување на паркови површини во 5 населени места.