Наставниците од предметна настава во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица, користејќи ги деновите од летниот одмор за учениците, во работна атмосфера ги реализираа содржините и активностите од модулот за инклузивното образование за ранливи групи, кој се однесува на формативното оценување кај учениците со потешкотии во учењето.
Главната цел на дводневната обука за наставниците беше да се оспособат да го прилагодуваат процесот на формативно оценување за потребите на учениците со потешкотии во учењето.Формираниот инклузивен тим и секојдневната наставничка работа со сите ученици е приоритет и се очекува дека ќе вродат плод за подобрување и унапредување на меѓусебните односи на родителите, учениците, наставниците и локалната средина, особено во поглед на користа и ефектот од вклучување на учениците во оценувањето, посебно преку приспособувањето на поучувањето, следењето, проверувањето и оценувањето на учениците со потешкотии во учењето.Оваа обука се реализира во рамките на програмата Инклузивно образование, која се реализира со поддршка на УНИЦЕФ, во соработка со БРО и МЦГО-Скопје, а општина Струмица преку ООУ „Видое Подгорец“-Струмица е пилот општина.