Во градскиот парк во Струмица, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Струмица ја пуштија во употреба втората Coca-Cola aктивната зона. Отворањето на активната зона во Струмица е во рамките на долгорочниот проект „Coca-Cola активни зони“ кој ќе се реализира во повеќе општини ширум земјава.
Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани. „Со проектот „Coca-Cola Активни Зони“ ја продолжуваме долгогодишната мисија и традиција на Пивара Скопје и Coca-Cola за промоција на спортот и редовната физичка активност. Во рамките на овој значаен проект, денес во Општина Струмица, поддржани од локалната самоуправа и организацијата ‘‘Отворени забавни фудбалски школи‘‘, ја отворивме и втората Активна Зона во Македонија. Особено ни е драго што и граѓаните на Струмица добиваат можност да се рекреират и спортуваат во текот на целиот ден. Летово ќе продолжиме со реализација на проектот “Coca-Cola активни зони”, кој е од огромно значење за зголемувањето на физичката активност кај сите граѓани”, изјави Јован Радосављевиќ, генерален директор на Пивара Скопје АД.„Особено ни е драго што Општина Струмица е дел од овој проект кој на граѓаните им овозможува простор за рекреација и редовно спортување. Со поставувањето на Coca-Cola активната зона во Струмица го зајакнуваме нашето партнерство со Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата и заедно продолжуваме да работиме кон создавањето здрави животни навики кај сите категории на граѓани. Значењето на оваа „Активна зона“ само по себе се подразбира, пред се поради нејзината достапност за сите граѓани, но и поради тоа што со спорт, фитнес и рекреација си овозможуваме заштита и унапредување на нашето здравје и спречување на опасноста од негово нарушување, во случај на физичка неактивност. Струмица е една од најактивните и најуспешните општини на спортски план, и како таква е детектирана од страна на „Пивара Скопје“ за нејзино вклучување во овој проект. Убеден сум дека со оваа „Кока-Кола Активна зона“ во нашиов град, ќе продолжиме успешно да работиме на промоцијата на активниот и здрав живот на граѓаните, со желба тој тренд да опстојува и во наредниот период“, изјави Зоран Заев, градоначалник на Струмица.Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено и ќе бидат 24 часа достапни за користење.Проектот е дел од глобалната платформа за промоција на здрав и активен живот на Coca-Cola и е одлична комбинација на спорт, забава и дружење како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. Ова лето, покрај Скопје и Струмица, активни зони ќе бидат отворени и во Прилеп, Тетово и Охрид.