Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец јуни пристигнати се вкупно 187 пријави. Од нив решени се 171 пријава, а останатите 16 пријави се во процес на решавање поради специфичниот материјал кој е потребен за решавање на проблемите од областа на уличното осветлување и од областа на урбаната опрема во рок од 48 часа.
Најголем број од пријавите во месец јуни се од областа на уличното осветлување 97, собирање смет 18, водовод и канализација 13, паркови и зеленило 9, општински инспекциски служби 4 и останатите пријави се од други области.Од општинскиот сервис „Систем 48“ велат дека од месец во месец бројот на пријавите значително се зголемува, што е добар показател дека граѓаните се вистински соработници и учесници во подобрувањето на квалитетот и начинот на живеење во општина Струмица. Од таму, им се заблагодаруваат на граѓаните за соработката и довербата и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може општинските служби навремено да интервенираат и истите да ги решаваат во определениот рок од 48 часа.