Започнувајки од денеска па во следните неколку денови, јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ќе спроведе промотивна кампања за паркирање чија цел е подигање на свеста и подобрување на безбедноста на сообраќајот во мирување.Заради зголемената фреквенција на возила во централното градско подрачје особено во летниот период и во деновите на летните одмори од ЈП „Паркиралишта Струмица” апелираат за почитување на сообраќајната сигнализација и користење на јавните паркинг простори согласно поставената сигнализација и хоризонтална и вертикална, со единствена цел – повеќе паркинг место за сите.