Пред спомен плочата во големиот градски парк, денеска, беше одбележана 72-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков-Мучето. За животот и делото на Мучето, зборуваше Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.Денес е 14-ти јули. Уште 19 денови не делат од 2. август, кога празнувајќи ги двата Илиндена ќе ја одбележиме и 72-годишнината од Првото заседание на АСНОМ кое се одржало во манастирот Св. Прохор Пчињски.