Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски заедно со две дечиња во улога на манекени, ја отворија модната ревија „Убави сме, свои сме“ која во организација на здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром од Струмица се одржа по повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. „Не само денеска и не само еден ден, лицата со посебни потреби ги заслужуваат нашето внимание и грижа и во останатите 364 денови, затоа што сите сме еднакви, само потребите ни се различни“, порача градоначалникот Јаневски. На модната писта се појавија повеќе дечиња во придружба на познати личности, меѓу кои и сопругата на претседателот на Владата на Република Македонија, Зорица Заева.