На втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум која што синоќа се одржа во домот на АРМ, градоначалникот Коста Јаневски ги прифати сите 45 проекти кои што беа предложени од граѓаните на првата сесија. Пред присутните на сесијата тој детално ги образложи сите проекти и им се заблагодари на граѓаните за добрите предлози потенцирајќи дека во нив има вистински партнери во креирањето на општинскиот буџет за 2018 година. Со вашето присуство ја потврдувате желбата за заеднички развој на нашата општина и подобрување на условите за живот во градот и населените места и тоа за сите категории граѓани.