Јаневски: Во наредниот период ќе се посветиме на современото улично осветлување

Безбедноста на децата, учениците, но и на сите граѓани е од големо значење на локалната самоуправа предводена од мене како градоначалник, па убави и современо осветлени улици ќе биде заложбата која и во идниот период ќе ни биде во фокусот на управувањето со општината“, рече градоначалникот Коста Јаневски по синоќешното утврдување на состојбата со осветлувањето на улиците во градот.

 

Со директорот на ЈП „Паркиралишта Струмица“, Верица Узунова, го проверија функционирањето на новото современо улично осветлување на повеќе локации во градот. Во изминатиов период се изврши модернизација на уличното осветлување во подрачјата околу општинските основни училишта „Видое Подгорец“, „Никола Вапцаров“ и „Сандо Масев“, но и пред јавната здравствена установа Здравствен Дом. Со таа активност беа опфатени дел од улиците 22-ри Декември, Орце Николов, Ванчо Китанов, Моша Пијаде, Дебарска, Први Мај, Димитар Цветинов, Младинска, Ценка Павлова, Ѓорги Василев и Панче Пешев. Дополнително отпочнавме со замена на осветлувањето на поројот Крушевска Република во делот од кружниот тек кај ЕВН кон Чурлински мост. Постоечките натриумови и компактно флуоросцентни сијалици ги менуваме со енергетски ефикасно ЛЕД осветлување кое има далеку поголем квалитет од постоечките сијалици, долготрајност, а генерира и заштеди. Паралелно на оваа активност, идниот период ќе отпочнеме со замена на осветлувањето во градскиот парк во Струмица. Проектната документација е готова па за околу 20-тина дена ќе биде отпочната постапката за јавна набавка за избор на изведувач. Станува збор за вкупно 96 светлосни позиции, со што за прв пат во Македонија ќе биде применет концептот на smart lighting (или таканаречено паметно осветлување кое е сензорски базирано), па во одреден дел од паркот интензитетот на светлина ќе се намалува во доцните вечерни часови, а при појава на посетители осветлувањето ќе се покачува на максимум како истите би се чуствувале сигурно и безбедно. Реализацијата на таквиот проект би требало да заврши на пролет, па сите граѓани ќе можат да ги користат придобивките од истиот, рече Јаневски.