ЕКО акцијата во пресрет на новогодишно – божиќните празници која што ја реализираат Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица продолжува утре, 10.12.2017. Во вториот ден од акцијата ќе бидат опфатени улиците „Невена Стојкова“, „Мирче Ацев“, „Орце Николов“, „Вера Циривири“, „Солунска“, „Загребачка“, „Кирил и Методиј“, „Стив Наумов“, „Партизанска“ и „Тодор Чучков“.Се известуваат граѓаните кои што живеат на овие улици, доколку имаат отпад за фрлање, да го изнесат пред дворните места и да се јават на телефонскиот број на „Комуналец“ 034 325 909 за да биде подигнат.