Струмица се закити со новогодишно руво. Градот блесна во новогодишен сјај. Елка висока 15 метри на градскиот плоштад, светлосно небо, мрежи, топки, светлосни елки, солзи, мразулци и мрежи на палмите и дрвјата се само дел од новогодишните украси поставени на повеќе локации во градот. Украсувањето кое чини 2.499.240,00 денари го изврши ДПТУ „Линк Медиа Плус“ ДООЕЛ Скопје. Традиционално дел од новогодишното украсување во централното градско подрачје ќе остане се до завршувањето на карневалските празнувања во февруари 2018 година.