Започнаа подготовките за новото издание на карневалот кое ќе се одржи на 17 февруари 2018 година

Организациониот одбор на струмичкиот карневал ги започна подготовките за новото издание кое што ќе се одржи на 17 февруари 2018 година. Во домот на АРМ се одржа работна средба со претставниците на домашните карневалски групи кои имаат и најголем придонес за квалитетот и афирмацијата на оваа вековна струмичка традиција. На средбата се разговараше за програмата на новото карневалско издание, се даваа предлози и сугестии за нови содржини се со цел на домашната и странската публика да и се понуди уште едно незаборавно карневалско доживување.