Во вчерашното продолжение на Еко акцијата која што се спроведува во организација на општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ беа собрани вкупно 110 метри кубни разновиден отпад. Ова количество отпад беше собрано од улиците „Бетовенова“, „Славчо Стојменски“, „5-ти Ноември“, „Спиро Захов“, „Епименонда Поп Андонов“, „11 Септември“ и „Маршал Тито“ до излезот кон населено место Куклиш. Во рамките на акцијата се исчисти и дивата депонија кај улицата „Спиро Захов“. Оваа ЕКО акција ќе трае до 24 декември.