Претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, денеска, ја отвори изложбата на креативни достигнувања во рамките на проектот „Мрежа за креативно претприемништво“ во организација на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Струмица.Имам голема чест што денеска сум овде со Вас, на овој прекрасен настан насловен „Креативност и претприемништво“.