Совет на општина Струмица, Бр.08 – 8116/1, 20.12.2017 год., С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување петтата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 27.12.2017 година ( среда).
Петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од четвртата седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2018 година;
- Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2018 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2018 година;
- Предлог –Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2018 година;
- Предлог- Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2018 година;
- Предлог-Програма за активностите на општина Струмица во областа на меѓународна соработка за 2018 година;
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2018 година;
- Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2018 година;
- Предлог – Програма за поставување урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2018 година;
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2018 година;
- Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2018 година;
- Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2018 година;
- Предлог – Програма за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
- Предлог -Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2018 година;
- Предлог – Програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња на подрачјето на Општина Струмица за 2018 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2018 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2018 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2018 година;
- Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2018 година;
- Предлог – Програма на општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2018 година;
- Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2018 година во Општина Струмица;
- Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2018 година;
- Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2018 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2018 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2018 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2018 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2018 година;
- Предлог-Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Струмица од сите ризици и опасности;
- Информација за функционирањето на системот за управување со кризи (ЦУК и РЦУК – Струмица);
- Извештај за реализацијата на Струмичкиот карневал – 2017година; и
- Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2018 година;
- Предлог – Решение за разрешување и избор на членови во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал;
- Предлог –Одлука за донесување на Оперативен план за заштита и одбрана од поплави за загрозените подрачја во Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за усвојување на Регионален план за интегриран систем за управување со отпад во Југоисточниот плански регион;
- Програма за работа на ЈПЕД „Струмица –гас” за 2018 година;
- Програма за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица” за 2018 година;
- Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец” Струмица за период 1 – 9 месец 2017 година;
- Програма за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 2018 година;
- Предлог-Решение за избор на командир на Полициската станица од општа надлежност – Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6729 КО Вељуса;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3373/1 и 2573 КО Банско; и
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3602 КО Дабиља.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски