Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во кој општина Струмица е вклучена како пилот општина со четири основни и едно средно општинско училиште, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски оствари средба со тимот на Проектот. Програмскиот директор на Македонскиот центар за граѓанско образование, Небојша Мојсоски го запозна градоначалникот за петгодишната иницијатива која ќе се спроведува во партнерство со Министерството за образование и наука, клучните образовни институции, како и сите општини и училишта во Македонија.