На исчистените места во досегашниот тек на големата ЕКО акција која што ја организираат општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ никнуваат нови депонии. Во планот на Еко акцијата беше опфатена и дивата депонија на излезот од градот кон населено место Раборци, истата беше исчистена и целосно беше отстранет отпадот. Но, за жал на истото место, покрај патот, повторно се фрла отпад. Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните да престанат со расфрлање на отпадот било каде и да се создаваат диви депонии, туку, да покажат поголема еколошка совест и грижа за животната средина.