Утре започнува петтиот „Струмица опен фестивал“

Во организација на граѓанското здружение „Културно – забавен живот“, од утре до 14. август, ќе се одржи јубилејното, петто по ред издание на „Струмица опен фестивал“. Во деветте фестивалски денови, на различни локации во градот, граѓаните на општина Струмица, но и од другите соседни општини ќе имаат можност да проследат дваесеттина културни, забавни и музички содржини.