Граѓаните и правните субјекти својата помош можат да ја донираат на пунктот во домот на АРМ

Домот на АРМ е отворен секој ден од 8 до 21 часот за граѓаните и правните субјекти кои сакаат да донираат помош за граѓаните од поплавените региони. Одговорното лице за прифаќање на помошта, Пецо Фончев, вели дека граѓаните покажале интерес за вклучување во оваа хуманитарна акција која што ја спроведува општина Струмица со доставување на вода, конзервирана храна и средства за лична хигиена.

За загрозените подрачја се собираат повеќе артикли, граѓаните претежно носат вода, храна конзервирана и хигиенски материјал, а некои од нив сакаат да донираат и пари, ги информираме дека пари не собираме, за нив има посебни сметки. Апелирам до сите граѓани, бидејќи пунктот работи секој ден, да не посетат и донираат, да им пружиме рака на граѓаните кои што се загрозени во критичните подрачја за да знаат дека не се сами, туку дека граѓаните на Македонија мислат на нив и оваа акција мора да успее и да ја покажеме нашата хуманост затоа што Струмица со години се вклучува во сите хуманитарни акции, рече Фончев.