Советот на општина Струмица на денешната вонредна седница која беше свикана на иницијатива на градоначалникот Зоран Заев, донесе одлука за доделување помош на настраданите од поплавите на 6 и 7 август во висина од еден милион денари од буџетот на Општината.
На почетокот на седницата, советниците со едноминутно молчење им оддадоа почит на настраданите, а одлуката за помош беше едногласно усвоена.Најпрво да изразам сочувство до семејствата на настраданите од поплавите. Денеска, Советот донесе одлука за доделување помош на настраданите од поплавените региони во износ од еден милион денари. Средствата ќе бидат исплатени од буџетот на општина Струмица. Исто така, ја користам можноста да кажам дека механизација и луѓе се испратени во подрачјата кои што беа зафатени од поплавите од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица за да учествуваат во чистењето на улиците и запушените канализациони и водоводни цевки. Во моментов, Градоначалникот е со настраданите во поплавените подрчаја заедно со испратената помош од Општината. Сакам да информирам дека активностите на Струмица опен фестивал се прекинати и вчера и денеска и пунктот за собирање помош за настраданите во скопскиот и полошкиот регион е отворен и се наоѓа до бината, веднаш до Споменикот на револуцијата и секој кој што ќе изрази желба да помогне тоа може да го направи на овој пункт кој што ќе биде отворен во наредните денови, рече Јосиф Христов претседател на Советот на општина Струмица.