Покрај традиционалната трка на келнери, струмичани синоќа уживаа и во останатите содржини на „Струмица опен фестивал“. На сцената во Амфитеатарот се одржа завршниот концерт од летната школа за гитара,
а љубителите на џезот уживаа со Летечките пекинезери.Вечерва, на програмата се изложба и промоција на монографија и графичка мапа на Ниче Василев кои ќе се одржат на сцената на Амфитеатарот, а покрај езерцето ќе се одржат вечер на поезија и акустична романтика.