Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ деновиве врши обновување на хоризонталната сигнализација на улиците во градот. По пролетното обележување со кое беа опфатени пешачките и осовинските линии, стрелките,
рабниците, паркинг местата и сите останати хоризонтални ознаки на асфалтот на површина од шест илјади метри квадратни, сега се врши обновување на ознаките кои веќе ја изгубија бојата која беше ставена во пролетната акција. Од „Паркиралишта Струмица“ информираа дека целта е зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот.