Амфитеатарот и езерцето во паркот беа местата каде што синоќа се реализираа програмските содржини на „Струмица опен фест“. Во Амфитеатарот се одржа промоција на монографија и графичка мапа на Ниче Василев,
а таму беше и ликовната постановка, а покрај езерцето љубителите на поезијата уживаа во стиховите на поетите. Таму беа и љубителите на акустичната романтика.Вечерва на програмата се отворањето на изложбата „Будење“ во 20 часот покрај езерцето, во 21 часот во Амфитеатарот ќе се одржи вториот меѓународен фолклорен фестивал „Оро без граници“, еден час подоцна покрај езерцето ќе се одржи вечер на афоризми, а во 23 часот во Амфитеатарот на програмата е стенд ап со Марјан Ѓоргиевски и Никола Тодоровски.