Домот на АРМ во Струмица е местото каде што и денеска струмичани ја потврдуваат својата хуманост и солидарност за настраданите граѓани во поплавените региони. Вода, конзервирана храна и средства за лична хигиена, се производите кои најчесто се носат, а токму и тие во моментов им се најпотребни на граѓаните во поплавените подрачја.