Организаторите на „Струмица опен фестивал“ им приредија уште една прекрасна вечер на струмичани со содржините кои што ги понудија на неколку локации во градот.
Покрај езерцето посетителите уживаа во изложбата насловена „Будење“ и афоризмите на познати афористичари, во Амфитеатарот се одржа вториот меѓународен фолклорен фестивал „Оро без граници“ и на истата локација фестивалската понуда заврши со стенд ап со Марјан Ѓоргиевски и Никола Тодоровски.