Граѓаните и правните субјекти деновиве ја потврдија својата хуманост и солидарност во хуманитарната акција која што ја спроведе општина Струмица за помош на граѓаните во поплавените подрачја.
Во утринските часови уште една пратка со помош замина во собирниот пункт на републичкиот Црвен крст од каде ќе биде дистрибуирана до граѓаните на кои им е потребна. Вода за пиење, конзервирана храна и средства за лична хигиена се производите со кои струмичани им помагаат на настраданите граѓани.Покрај оваа хуманитарна акција, општина Струмица согласно одлуката на Советот донесена на вонредната седница, донираше помош во износ од еден милион денари, а на терен во поплавените подрачја помагаа градоначалникот Зоран Заев и вработени во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Противпожарната единица на Струмица.