Одличен старт на трите музички вечери имаше синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“, а во рамките на „Струмица опен фестивал“. Домаќините и гостите од повеќе краишта во Македонија го наполнија плоштадот и до доцна во ноќта уживаа во првата музичка фестивалска понуда.
Вечерта ја отвори Љубојна, а потоа следуваа настапите на Амадеус, Аца Лукас и на Џамбо Агушев и неговиот оркестар.Вечерва на големата музичка сцена ќе настапат Хипнотизер, Влатко Стефановски со своето трио, Архангел, Кад би био Бијело дугме со Ален Исламовиќ и ди џеите Брас Брадерс и Плејмен.