И со понудата на втората музичка вечер „Струмица опен фестивал“ потврди дека се разликува од сите други фестивали кои што се одржуваат на овие простори и привлекува публика која ја посакуваат сите музичари.
Плоштадот „Гоце Делчев“ повторно беше преполн, а публиката од сите возрасти уживаше во настапите на Коста Хаџикојчев, легендарните Влатко Стефановски и Трио, Архангел, Кад би био Бијело дугме со Ален Исламовиќ и ди џеите Брас Брадерс и Плејмен.Кулминацијата на годинашното петто издание на „Струмица опен фестивал“ се очекува вечерва. Честа да го затворат фестивалот ја имаат Силви бенд, Црвена јабука, Жељко Јоксимовиќ и ди џеите Дуоз и Хаус Твинс.