Заврши годинашното петто издание на „Струмица опен фестивал“. Плоштадот „Гоце Делчев“ и синоќа беше преполн со луѓе од сите генерации кои заедно поминаа уште една прекрасна ноќ со квалитетна музичка понуда.
Завршната музичка вечер ја отворија Силви бенд, продолжи со Црвена јабука, кулминираше со Жељко Јоксимовиќ, а заврши со настапите на ди џеите Дуоз и Хаус Твинс.Во деветте фестивалски денови, на неколку локации во градот се одржаа дваесетина културни, забавни и музички содржини. Токму оваа разновидна програма наменета за сите вкусови и генерации го прави овој фестивал различен од сите други кои што се одржуваат во државата.