Територијалната професионална противпожарна единица минатата недела имала вкупно девет интервенции. Најголем дел од нив се гаснење на опожарена нискостеблеста шума, сува трева, отпаден материјал и лозови насади.Од противпожарната единица на Струмица апелираат до граѓаните да бидат внимателни со оган и запаливи средства, особено, на отворен простор, да не се палат депонии и стрништата, отпад и друг горлив материјал, а со цел да не се предизвикуваат пожари.